Охридските хотелиери сами си прават елитни хотели

Bez autora
Mar 18 2012

Во трката да привлечат што поголем број на странски гости, дел од охридските хотелиери сами си допишувале ѕвездички. Иако биле категоризирани, на странскиот пазар во промотивните материјали се продавале со една-две ѕвезди плус. Имало и такви објекти кои се рекламирале како хотели, а плаќале паушал како за приватно сместување. Продавале и полупансиони што, исто така било незаконски. Туристичките работници велат дека нереалната категоризација го урива угледот на Охрид, но и остава лош впечаток кај странските туристи. Владо Суклоски од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот вели дека ваквата хаотична состојба најмногу им штети на агенциите што го продаваат Охрид. Поради нереалната категоризација, некои агенции морале и да наведат дека хотелот и покрај тоа што носи соодветен број ѕвезди, не одговарал на квалитетот.

Охридските хотелиери сами си прават елитни хотелиВо трката да привлечат што поголем број на странски гости, дел од охридските хотелиери сами си допишувале ѕвездички.

Иако биле категоризирани, на странскиот пазар во промотивните материјали се продавале со една-две ѕвезди плус. Имало и такви објекти кои се рекламирале како хотели, а плаќале паушал како за приватно сместување. Продавале и полупансиони што, исто така било незаконски.

Туристичките работници велат дека нереалната категоризација го урива угледот на Охрид, но и остава лош впечаток кај странските туристи. Владо Суклоски од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот вели дека ваквата хаотична состојба најмногу им штети на агенциите што го продаваат Охрид. Поради нереалната категоризација, некои агенции морале и да наведат дека хотелот и покрај тоа што носи соодветен број ѕвезди, не одговарал на квалитетот.

Според охридските туристички работници, новите критериуми што се најавуваат за категоризација на сместувачките капацитети во голема мерка ќе ја средат хаотичната состојба што ни се случува сега, а туристите ќе добијат подобри услови за сместување.

- Ова оди во прилог на средување на состојбата во хотелиерството, а со тоа и на доаѓање на поквалитетни гости, што пак, значи дека хотелиерите мора да инвестираат за да ги подобрат своите услуги - вели Суклоски.

Охридските хотелиери не сакаат јавно да зборуваат за тоа дали и зошто на туристичкиот пазар продаваат нереален квалитет на услугите. Оние што работат според реалната категоризација велат дека со новите критериуми ќе се ставел ред во понудата, а туристите ќе добијат реален квалитет во однос на цената која ја плаќаат.

- Ја поздравувам ваквата иницијатива која можеби требаше да се случи многу порано. Сепак, добро е што работите почнуваат да се средуваат. Ние ќе треба да инвестираме, но имаме и доволно време, две години колку што е предвидено со новите измени - вели сопственикот на Климетица", Љупчо Цветаноски.

Со измените сите сместувачки објекти треба да имаат најмалку десет соби со една или две звезди, 15 соби со три ѕвезди и 20 соби за четири и пет ѕвезди. Во сите хотели да се прифаќаат кредитни картички, а за хотелите со четири ѕвезди како дополнителна содржина е да се има базен. За хотелите со 5 ѕвезди задолжително покрај базен треба да има фитнес и спа-центар. Зголемена е и квадратурата на собите на 14 квадратни метри за еднокреветна соба кај хотелите со 5 ѕвезди, а кај хотелите со 4 звезди еднокреветна соба треба да има 12 квадрати. Измените бараат задолжително да биде и познавањето на еден од странските јазици за менаџерот и персоналот, особено во хотелите со пет ѕвезди.

Од Министерството за економија, најавуваат зајакнати контроли на државниот пазарен инспекторат. За објектите кои ќе немаат доказ за извршено усогласување казните ќе се движат од 1.000 евра за правниот субјект, а 200 евра за одговорното лице.

Во Македонија во моментов 11 хотели имаат пет ѕвезди. Со новата категоризација се очекува овој број да се смени.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik